ноември 23, 2024

Автомобил ноќеска бил запален на паркинг на булеварот „Илинденска“. Речиси целосно изгоре „голф“ кој бил сопственост на 40-годишен скопјанец. Поради силината на огнот, пожарот зафатил и друго возило. Сведоци посочуваат дека огнот брзо се раширил.

„Од пожарот било зафатено и патничко возило „тојота селика“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.М.(40) од Скопје“, велат од МВР.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Како настанал пожарот и дали е намерно запалено возилото – ќе открива полицијата по увидот.

Ден претходно, автомобил беше запален на паркинг простор во Аеродром.

„Во 04.15 часот во Полициската станица Аеродром било пријавено дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ настанал пожар во патничко возило „рено клио“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје и патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Р.(31) од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје“, соопшти МВР.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK