мај 10, 2026

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година загуби со 0:3 од Летонија во првиот натпревар од „Анталија куп 2023“. Селекцијата на Драган Канатларовски не го почна турнирот во Турција според желбите.

Летонците ги искористија грешките на Македонија во одбраната. Пред крајот на првото полувреме, Пузиревскис погоди за водство на противникот, а во вториот дел двоен стрелец за Летонија беше Рекис, во 69. и во 83.минута од мечот.

Младата репрезентација на Македонија до 21 година на „Анталија куп 2023“ ќе одигра уште два натпревари, против Финска на 25. март и против Словачка на 28.март.

The post Фудбалерите до 21 година убедливо поразени од Летонија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK