ноември 21, 2024

Бернарда Маровт е една од најубавите мис од нашите простори, но нејзината непромисленост чинеше многу.

Убавата Словенка Бернарда Маровт беше избрана за Мис на Југославија во Загреб во 1982 година. Според многумина, таа беше една од најубавите девојки кои победија на тој натпревар. Таа пленеше со својата сексипилност и неверојатен изглед. Но, нејзината непромисленост скапо ја чинеше.

Имено, нејзините разголени фотографии ги направи „Старт“ во календарот за 1982 година, кој за време на социјализмот беше заменет со „Плејбој“. Поради сликите на Бернарда продадени се во неверојатни 350.000 примероци, а токму тие ја дискредитираа на натпреварот за најубава жена на светот во Лондон.

И покрај тоа, триесетина фотографи од различни делови на светот ја прогласија за најфотогенична девојка на светот. Исто така, таа беше прогласена за топ модел на Италија и топ модел на Европа, а на врвот на кариерата заработувала околу 2.500 евра дневно.

Сега е на прагот на седмата деценија, но сепак изгледа прекрасно! Таа сè уште работи како модел и снима реклами. Често учествува во организација на модни ревии и настани. Живее меѓу Словенија и Италија (Милан), каде што има модна агенција.

Покрај тоа, таа долги години организира меѓународен натпревар за фотомодел во Словенија, а отвори и училиште за моделирање за млади.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK