Лидерите на 27-те земји-членки на Европската унија синоќа одобрија минимален данок од 15 отсто на добивката на мултинационалните компании, по укинувањето на блокадата од Унгарија и Полска, соопшти еврокомесарот за економија Паоло Диентилони.
Оваа мерка во Европа треба да стапи во сила на 31 декември 2023 година.
Согласноста на сите 27 членки на ЕУ беше неопходна за прифаќање на нацрт-директивата подготвена од Комисијата, со која се воведува историскиот договор за поголема даночна правда, кој минатата година беше одобрен од речиси 140 земји под покровителство на ОЕЦД.
Следете не, не има насекаде