мај 7, 2026

Италијанските музичари Лаура Паузини и Паоло Карта се венчаа по 18 години врска, а според  италијанските медиуми, венчавката се одржала на 14-ти март во Рим. Веста, Лаура ја потврди на Инстаграм, каде објавила видео од церемонијата која се одржала во кругот на најблиските.

„Рековме ‘да’. Пред нас е сè што сакаме“, напишала 48-годишната Лаура.

Инаку, парот ја започна врската во 2005 година, а 8 години подоцна ја добија ќерката Паола. Лаура во едно интервју раскажа дека Паоло ја запросил во 2012 година, но сакале да почекаат со правењето венчавка за нивното девојче да може да ги носи прстените.

Паузини е позната музичарка која снима песни на италијански, шпански, португалски, англиски и француски јазик. Во текот на кариерата освои бројни награди, помеѓу останатото, и онаа за најдобра италијанска изведувачка.

The post По 18 години врска се омажи италијанската пејачка Лаура Паузини appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK