мај 5, 2026

Mакедонскиот скијач, Виктор Петков освои второ место во дисциплината велеслалом и четврто и петто место во двете слалом трки  на Државното првенство на Србија.

23 годишниот Петков е член на ски клубот „Сноу спорт“ од Гостивар, а на натпреварот учествуваше со уште скијачи од седум држави.

За потсетувње, на 20 и 21 март на Копаоник, се одржа Државното првенство на Србија во скијање, во дисциплините слалом и велеслалом каде учествуваа 57 натпреварувачи.

До крајот на сезоната има уште неколку трки, на кои Виктор се надева на добри резултати и продолжување на добрата форма.

The post Македонскиот скијач Виктор Петков освои сребро на меѓународен натпревар во Србија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK