мај 1, 2026

Урнати се 14 дивоградби во Тенеќе маало во Кавадарци, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

КАВАДАРЦИ: Урнати 14 дивоградби во Тенеќе маало

На ова место според програмата за комунална изградба на општината Кавадарци, планирано е да се продолжи со кејот на реката Луда Мара и подигање зелена површина – парк. Во расчистувањето на теренот е вклучена механизација од компаниите „Ја- Ми”, ,,Ас машини” и ,,Градба промет”, соопштија од кабинетот на градоначалникот.

Оттаму додадоа дека се поставени и нови канделабри околу зградите и детското игралиште во населба Бел камен. Канделабрите биле донација од компанијата ,,Кожувчанка”.

Општина Кавадарци континуирано работи на уште подобро и ново улично осветлување, нагласија од Кабинетот на Јанчев.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK