Овие двојки имаат совршена компатибилна хемија во кревет. Но, што и да пробаат друго е осудено на пропаст, па затоа откријте што вели хороскопот на тоа.
Лав и овен
Овните обожаваат да испробуваат нови работи, а лавовите да угодуваат, па ова е совршен пар – но само во кревет. Двата знаци се напорни и сакаат да го контролираат секое движење на партнерот, па никако не се согласуваат во врска.
Водолија и риби
Ако толку се привлекувате меѓу себе, најдобро е да се договорите да се гледате само поради секс. Овие два знаци се толку слични што се одлични само како пријатели и другари за секс. Врската никако не би им функционирала.
Рак и бик
Кога овие два имаат секс тоа никако не е само секс, туку најнежно водење љубов што можете да го замислите. И повторно, никако нема да се согласуваат во врска затоа што се премногу емотивни, па доколку дозволат работите да заминат предалеку, нема добро да заврши по еден од нив.
Стрелец и риби
Секс за една вечер меѓу овие двајца е идеален спој. Проблем настанува ако продолжат да се гледаат. Стрелецот сака внимание само за себе, сака да се движи, да истражува, а рибата има други приоритети. Фантазира за љубов која стрелецот не може да и ја овозможи.
Скорпија и овен
Ова е најкатастрофалната комбинација во хороскопот. Тие се како две темпирани бомби. Сексот е одличен, врската ужасна.
The post Хороскопски знаци на кои им оди само во сексот appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде