Ниедна партија нема да опстои од постојниве ни во Македонија, ни во ЕУ, верувајте ми на зборот, вели Мирка Велиновска во Вонредната епизода на Тешки муабети.
– Нема тие да пишаат епитафи за нивните гробови, народот ќе им ги пишува или ќе им ги фрла коските за ова дереџе до кое го доведоа, вели Мирка во емисијата во која го коментираше и Христијан Мицковски.
– Ниту го знам, ниту сум сакала да го запознаам, јас од првата појава сфатив дека тоа е меко тело. Тоа е вина и на Груевски кој со неговиот комплекс, да не биде надминат, избра компромитиран човек желен за внимание од Урсула, да го погледне некој. Јас не би му дала ни квалификација како евнух од најнизок ранг, да чисти клозети. Апелира народот да му даде глас на човек кој откако стана лидер не изговори полнокрвно македонски народ, и му даде легитимитет на Стево Пендаровски.
Следете не, не има насекаде