ноември 21, 2024

Од урнатините на зграда на југот од Турција спасена е мачка која под урнатините поминала 49 дена.

Мачка спасена од урнатините во Турција дури 49 дена по земјотресот

Разорни земјотреси ги погодија јужните региони на Турција на 6 февруари, со епицентар во областа Кахраманмараш, од каде што доаѓа и оваа трогателна приказна за преживеан домашен миленик.

Сопственичката на мачката, Нида Дина, (36) и нејзината ќерка секојдневно доаѓаа до урнатините на зградата и во соседните улици во населбата Оникишубат ја барале својата двегодишна мачка Хан.

„Нашата зграда е оштетена во првиот земјотрес и излегов со ќерка ми, но мачката не можевме да ја најдеме бидејќи се сокри. Ја баравме секој ден и ја пронајдовме сега кога започна отстранувањето на урнатините на нашата 11-катница.

Истакнувајќи дека се среќни поради ова чудо, Дина рече дека луѓето никогаш не треба да губат надеж бидејќи чуда навистина се случуваат.

„Во моментов, Хан е во ветеринарната станица. Има проблеми со ногата и во тек е целосен преглед. Се надевам дека ќе ги надмине сите проблеми“, рече Дина.

Ветеринарката Фатма Ѓул Ханџуоглу лично и претходно се грижела за мачката Хан, и сега е среќна што ја гледа жива по 49 дена од земјотресот.

„Ја извлековме и веднаш го повикавме сопственикот. Таа постојано доаѓаше и прашуваше за мачката“, рече Ханџуоглу

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK