декември 3, 2024

Граѓанското движење „Аваја“ информираше за случај во кој наставничка од ООУ „Малина Попиванова“ – Кочани омаловажувала ромско девојче кое носело шамија во училиштето и за време на наставата. Од таму велат дека психологот и педагогот од истото училиште упатиле закани дека нема да ѝ биде дозволено на девојчето да посетува настава.

ШАМИЈА ВО ШКОЛО | Вработени во училиште во Кочани омаловажувале девојче затоа што носи шамија на настава

„Аваја“ најостро го осуди настанот и најавува дека ќе достави претставка до Народниот Правобранител и ќе го пријави случајот до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Слободата на религијата е загарантирана со Устав и закон, а дискриминацијата врз основа на религија е забранета и од тука произлегува дека институциите мора да ги почитуваат законите и да ги почитуваат начелата на религиска толеранција, велат од Движењето.

Вчера во училиштето бил заменик – министерот за правда Агим Нухиу и државниот секретар Мухамед Точи, кои разговарале со директорот на училиштето и донеле заклучок дека ученичката може да ја носи шамијата за време на наставата.

Родителите кажаa дека Алејна беше спречена да продолжи со настава заради шамијата во училиште во Кочани! Шамијата на една од нашите сестри не е презир, туку благодарност од секој што ќе реши да ја носи! Алејна Исмаиловска ќе продолжи да ја следи наставата! Никој не може да биде над законот! Правда и достоинство за сите, објави Нухиу.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK