НБА ги објави имињата на копаркарите кои ја формираа најдобрата петорка на дебитанти за сезоната 2025/26.
Купер Флег од Далас, Кон Кнепел од Шарлот, Ви-Џеј Еџкомб од Филаделфија, Дилан Харпер од Сан Антонио и Седрик Кауард од Мемфис се избрани во тимот на дебитанти.
Флег претходно беше прогласен за најдобар „руки“ во НБА пред Кнепел. Двајцата и Еџкомб добија максимален број поени – 200 во изборот за најдобарот тим на дебитанти, Харпер имаше 193, а Кауард 125.
Дерик Квин и Џеремаја Фиерс од Њу Орлеанс, Максим Рејно од Сакраменто, Ејс Бејли од Јута и Колин Мари-Бојлс од Торонто беа избрани во втората „руки“ петорка.
НБА изјави дека ќе ги објави дефанзивните петорки во петок, идеалните тимови ќе бидат објавени во недела, а најдобриот тренер во вторник.
The post Флаг ја предводи најдобрата „руки“ петорка appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
