мај 12, 2026

Состојки:
200 мл јогурт, 2 големи јајца, 1/2 чаша шеќер, 1/2 чаша масло, 2 чаши остро брашно, 2 лажички прашок за пециво

Подготовка:

Измешајте го брашното со прашокот за пециво и просејте го во сад. Во друг сад се ставаат јајцата и шеќерот, па се меша околу пет минути додека смесата не стане светложолта и густа.

Потоа малку по малку додадете го маслото и нежно измешајте со најмала брзина. Во садот додајте го јогуртот и со рака со помош на шпатула соединете го со остатокот од смесата. На крајот додадете го просеаното брашно и прашокот за пециво и нежно мешајте додека се се соедини.

Садот за печење премачкајте го со малку масло, путер или друга маст по желба и посипете со брашно. Истурете ја смесата во плех и печете на температура од 180 степени помеѓу 30 и 40 минути. Колачот е готов кога ќе добие златно жолта боја.

The post Брз рецепт за колач со јогурт appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK