мај 14, 2026

Советниците на Советот на Град Скопје на денешната 27. седница не ја усвоија иницијативата за времено отстапување на корисничкото право на објектот на Универзална сала од Град Скопје на Владата, односно на Министерството за култура.

Иницијативата, што беше поднесена од страна на коалицијата предводена од советничката група на СДСМ, не беше прифатена откако за неа гласаа само 15 советници од Советот на Град Скопје.

Советникот Страшо Ангеловски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека отстапување на Универзална сала на Владата ќе значи прифаќање пораз, но и на неспособноста на советниците, на градоначалничката и на службите на Градот Скопје
За Левица, пак, иницијативата за отстапување на Универзалната сала на Владата не е спорна, туку е спорна самата Влада. Советниците од оваа партија порачаа дека на една година пред парламентарни избори нема да дозволат овој објект да им биде отстапен на, како што велат, делегитимираната Влада и на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која ја нарекоа „министерка за радост“

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK