ноември 21, 2024

Исчезнати се две тинејџерки од Скопје. Полицијата од вчера трага по 12-годишната Аниса Ајро и 15-годишната Мелица К.

Двата случаи вчера ги пријавиле татковците на девојчињата. Според информациите од МВР, 15-годишното девојче досега повеќепати го напуштала домот и била враќана назад.

„ На 30.03.2023 во Полициска станица Бит Пазар во 20.30 часот Е.А.(38) пријавил дека се оддалечила неговата ќерка А.А.(12), а околу 22.00 часот Ѓ.О.(39) пријавил дека се оддалечила неговата ќерка М.К.(15). М.К. и претходно во повеќе наврати се оддалечувала од домот и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата“ соопшти МВР.

Претходно денеска во изјава за Макфакс, таткото на 12-годишното девојче, Енгин, рече дека неговата ќерка Аниса Ајро последен пат била видена вчера утрото на паузата во училишниот ходник. Тоа на таткото му го раскажала нејзина другарка која последен пат ја видела на тоа место. Оттогаш на девојката и се губи секаква трага, раскажува таткото.

Тој и самиот упатува повик преку медиумите и на социјалните мрежи секој кој поседува некоја информација да го контактира на телефонскиот број +389 72232 983.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK