септември 19, 2024

Филипинскиот   „Вог“ за април на насловната страница ја стави 106-годишната уметничка за тетоважи Апо Ванг. Таа е од селото Бускалан на Филипините. Вог и посвети и приказна.

„Апо Марија „Ванг-Од“ Огај ја симболизира силата и убавината на филипинскиот дух. Таа е последниот уметник за тетоважи од нејзината генерација. Ги истетовирала симболита на племето Калинга на илјадници луѓе кои отишле на аџилак во Бускалан“, напишаа тие во постот.

„Кога ќе ми дојдат посетители од далечни земји, секогаш со задоволство ќе ги истетовирам со симболите на Бускалан и Калинга. Ќе го правам тоа додека сум жива“, изјави Апо Ванг-Од за Вог. Апо е најстарата личност која позирала за насловна страница на Вог.

Таа е занаетчија која со децении ги пренесува своите вештини на помладите генерации.

Над 185.000 луѓе ја лајкнаа насловната фотографија на Инстаграм на филипински Вог. По објавата има повеќе од 2.800 коментари. „Каква убава насловна страница“, „Ова е епска корица на Вог“, „Ова е можеби најубавата насловна страница на Вог досега. Горд сум на вас“, „Прекрасна насловна за изданието за убавина. Покажува како убаво да старееме “, „Ова е веќе легендарна корица“, „Цел живот чекам вакво нешто“, се само дел од коментарите под објавата.

The post „Вог“ на насловната страница стави 106 годишна жена како симбол на убавината appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK