септември 26, 2024

Деновиве во Пекинг се одржува Младинскиот форум за развој „МОСТ на иднината”, каде присуствува претседателот на Црвена Младина – Марио Јанески.

На почетокот на својот говор, Јанески потенцира дека ќе го користи единственото државно име РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА и ги замоли присутните да го користат тоа име. За време на настанот, организаторите од Н.Р. Кина го користеа името Република Македонија, во духот на нивната политика на соработка помеѓу народите, без мешање во внатрешните работи на државите.

Сведоци сме на забрзана промена на геополитичката сцена и единствената визија за СОРАБОТКА меѓу нациите неминовно ќе биде градена врз принципите на меѓусебно почитување- наместо врз уцени, закани и санкции. – соопштија од Левица.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK