мај 14, 2026

На 13.05.2026 во 21:10 часот во ОВР Неготино е пријавено дека на ул.„Душан Преграц” во Неготино, 12-годишник од Неготино, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал на патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 12-годишникот, а со телесни повреди се здобил неговиот 14-годишен сопатник од Демир Капија, констатирани во Општа болница Кавадарци.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино.  

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK