септември 26, 2024

Почитувани браќа и сестри Македонци

Ми претставува особена чес и задоволство да ве информирам дека и официјално сум кандидат на „Обединетата опозиција“ за градоначалник на општина Пустец. Дозволете најпрвин за мојот избор и поддршка да се заблагодарам на мојата матична партија „Партија на слободата“ како и на целата обединета опозиција, искрена благодарнаст до сите мои подржувачи, членови и симпатизери на каузата за подобар живот во Албанија.

Велат дека иднината им припаѓа на младидте, а јас токму како млад имам јасна визија за општина Пустец. Ветувам дека општина Пустец по мојата победа ќе добие нов лик и ќе стане потобро место за живеење, се со цел да оставиме нешто добро и убаво за младите и идните поколенија.

Во периодот кој што следи, ќе има официјална моја промоција и објавување на пакет програмата со сите проекти кои ќе бидат реализирани во текот на мојот мандат како градоначалник на општината. Ветувам, чиста и модерна Општина Пустец, која ќе биде вистински туристички центар. – стои во објавата на Панди Јани, кандидат за градоначалник на општина Пустец.

весник.илинден

The post Панди Јани официјално кандидат за градоначалник на Општина Пустец !!! appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK