септември 25, 2024

Ако имате проблеми со спиењето, можеби треба да размислите за домашно милениче и тоа да спие во вашата соба или на вашиот кревет. Новото истражување спроведено во Аризона покажува дека дозволувањето на домашните миленици да спијат во иста просторија или на кревет има позитивно влијание врз сонот на луѓето. Во истражувањето кое траело пет месеци учествувале 40 возрасни лица без пореметување на сонот и нивните кучиња. Луѓето и кучињата се редовно следени, односно нивните навики за спиење. Откриено е дека луѓето кои спиеле во соба со своите миленици имаат подобар сон.

Научниците наведуваат дека нема потреба миленичињата да бидат под покривката, доволно е да се во вашата соба или во подножјето на креветот. Ако дозволите да бидат под прекривката, може да предизвикате спротивен ефект. Подобриот сон е резултат на присуството на домашни миленици во собата што дава чувство на удобност и сигурност.

– Многу сопственици преку ден се одвоени од своите миленици, па сакаат да го надополнат изгубеното време. Затоа, можете да ги оставите да спијат во иста просторија со вас – ова се зборовите на научникот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK