Јас не знам дали Ленин е близок со „Овој“ или „Оној“, ниту пак ме интересира, ниту знам дали Данела е суетна, или е многу фина, но и тоа не ме интересира, ниту пак сакам да знам кој повеќе вреќи сол може да изеде!?
Професор Јовевски: Не може правото на протест да го ограничува правото на слобода на движење!
Но две работи знам!
Правото на протест (кое е уставно гарантирано право) на граѓаните не може да го ограничува правото на слобода на движење (кое исто така е уставно загарантирано право) на граѓаните!
И второ, согласно Законот за јавни собири, МВР има право да го забрани или ограничи правото на протест ако се исполнети одредени услови. Во овој случај условите се исполнети, а тоа е повреда на правата и интересите на поголема група на граѓани.
Логично, се поставува прашањето зошто МВР ништо не презема??? Кој ќе ја нодмести штетата согласно членот 7 од Законот?
Зошто согласно членот 4 не се гарантира нормално одвивање на сообраќајот? Одговорот нека го бара секој од вас, но тоа што загрижува е дека овој начин на нефункционирање на системот е на штета на секој граѓанин и не е согласно Македонската мера на граѓанско живеење!
Не може правото на еден да биде неправо за друг!
проф. д-р Лазар Јовевски
Следете не, не има насекаде