ноември 21, 2024

Поглаварот на Католичката црква, папата Франциско денеска ја спореди војната во Украина со нацистичката операција во која на почетокот на Втората светска војна загинаа околу два милиони луѓе, главно Евреи.

Во разговор со верниците од Полска, Папата рече дека Католичкиот универзитет во Лублин неодамна ја одбележа годишнината од „Операцијата Рајнхард“.

Така се викаше тајната операција во окупирана Полска, која опфати дел од територијата на денешна Украина, наведува Ројтерс.

Сеќавањата на тој страшен настан нека поттикнат мировни акции, рече папата Фрањо со пораката: Историјата се повторува, гледаме што се случува во Украина.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK