септември 25, 2024

Надлежните ги заплениле сите грејни тела во студентскиот дом „Гоце Делчев”. Освен тоа им се заканиле дека ќе ги избркаат студентите кои не ги послушале нивните наредби – соопштија денеска од движењето Студентски отпор.

Оттаму велат дека на оваа гледаат како на агресивна и драконска мерка која не успева да ја реши основната причина за проблемот.

Забраната за користење грејни, дел од антикризните мерки на Владата опстојуваше во текот на целата зима, а сега повторно на студентите им се ускратува правото на основно греење во постудените месеци. Сметаме дека ова е неприфатлива антикризна мерка и дека студентите не треба да бидат исклучени од основните потреби – се вели во денешното соопштение.

Студентите ги повикаа властите да ги преиспитаат своите постапки и да ги исклучат студентите од антикризните мерки на владата.

Императив е потребите и благосостојбата на студентите да се земат предвид при сите одлуки што ги носат властите. Студентски Отпор ќе продолжи будно да ја следи состојбата и да се залага за правата на студентите во домовите – додаваат во писмената реакција.

The post Одземени греалките во студентскиот дом „Гоце Делчев“ за да не се троши струја.. appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK