септември 25, 2024

Познатиот јапонски композитор и продуцент Рјуичи Сакамото, познат по експериментирањето со електронската музика, почина на 71-годишна возраст. Неговите претставници објавија дека починал во вторникот од рак кој му беше дијаностициран во 2021 година.

Сакамото е добитник е на многу награди, меѓу кои и „Оскар“, „Греми“, „БАФТА“ и како соло уметник и како член на Yellow Magic Orchestra (YMO). Неговата музика за филмот Последниот кинески цар, во 1987 година, му донесе Оскар, Греми и Златен глобус.

Играше во филмот, еп за животот на Пу Џи, последниот император на Кина. Почнал да студира композиција на 10-годишна возраст, а бил инспириран од Битлси и Клод Дебиси.

Го формираше YMO со Харуоми Хосон и Јукихиро Такахаши во 1978 година, свирејќи на клавијатури, а нивните синтетички иновации влијаеја на техно-попот и хип-хопот.

„Азиската музика многу влијаеше на Дебиси, а Дебиси многу влијаеше на мене. Така музиката оди низ светот и прави целосен круг“, рече Сакамото во 2010 година.

The post Почина јапонскиот маестро на електронската музика, оскаровецот Рјуичи Сакамото appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK