септември 25, 2024

Таткото на 15-годишната Мелиса К., една од двете скопски тинејџерки која заедно со 12-годишната Аниса Ајро беа пронајдени од полицијата по три дена откако беа пријавени за изчезнати, му се заблагодари на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и на директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски.

„Мелиса е добро заедно сме со Мелиса ви благодариме на сите од срце за трудот што го дадовте во потрагата по нашите деца, Господ нека ве награди, им благодарам на директорот Саше Тасевски за трудот што го даде и министерот Оливер Спасовски. Ваквите луѓе им требаат на нашиот народ секоја чест исто им се заблагодарувам и им се извинувам на сите мои блиски од фамилијата мои пријатели другари што ми се јавуваа а за жал не можев да им возвратам и да им одговарам на повиците од тоа што 3 дена не бев спиен и уморен господ да ви даде здравје и да ве чува на сите поздрав“, напиша Фатих Куртиши на Фејсбук.

Дополнително тој додаде дека претрпувал навреди постојано од сограѓани, од кои еден го нарекол и „психопат“, на што Куртиши истакна дека ќе поднесе тужба.Двата случаи на исчезнување ги пријавија татковците на девојчињата.

The post Таткото на Мелиса им се заблагодари на Оливер Спасовски и Сашо Тасевски за пронаоѓањето на неговата ќерка. appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK