септември 25, 2024

Иранската државна телевизија во петокот им се извини на гледачите затоа што претходниот ден накратко прикажа пар како се бакнува, објавија локалните медиуми.

Мрежата Насим прикажа млад пар како се бакнуваат неколку секунди додека минуваат пред камера поставена во парк.

Сцената била дел од шоуто на „скриена камера“.

Мрежата се извини за „грешка која е резултат на невнимателноста на продукцискиот тим“, се вели во соопштението објавено од агенцијата Исна.

Во Иран, секој физички контакт меѓу маж и жена е забранет на државната телевизија.

Насим, кој исклучиво произведува забавни емисии, отвори истрага и „ќе преземе цврсти мерки против одговорните за оваа небрежност“, се додава во соопштението.

The post На телевизија во Иран прикажан бакнеж од неколку секунди, телевизијата се извини за грешката appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK