септември 25, 2024

Судијката Марија Клетничка Марковска му изрече казна од три години и еден месец за пет кривични дела на Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „Доказ М“.
За секое од кривичните дела од диспозитивот, односно за делото уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело, ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена – му утврдува по една година затвор. Единствена казна од 3 години и 1 месец“, кажа судијката.
За кривичното дело злоупотреба на лични податоци, Стаменковски доби казна од 5.000 евра односно 250 дневни глоби- јавува Макфах

„Му се изрекува забрана да врши регистрација на домеин, или да биде сопственик на портал во МАРНЕТ сметано за период од 10 години. Ова подразбира и престанок на сите домени, каде Стаменковски се јавува како сопственик во МАРНЕТ“, додаде судијката.

Според судијката, тој како сопственик на порталот, со намера да стекне противимотна корист на вработен во Царинска управа – го присилувал да му исплати пари за да не објави текст.

„Го присилил оштетениот да стори штета врз неговиот имот. Му се заканил дека ќе објави текст дека е татко на дете кое го имал вонбрачно. Побарал средба за да му изнуди пари, а обвинетиот да не го објави текстот“, кажа судијката Марија Клетничка Марковска

Таа објасни и како Стаменковски сторил дело пиратерија на аудиовизуелно дело.

„Без одобрение на дистрибутерот, ги ставил епизодите достапни за јавноста, овозможувајќи неограничено емитување на 10 епизоди на серијата ‘Тајкун’“, кажа судијката.

Стаменковски читаше какви текстови објавил Стаменковски на порталот, ширејќи расизам кон свештеници. Тој споделувал и ксенофобичен материјал за две новинарки. Читани беа насловите со кои Стаменковски атакувал врз епископ со цел, да го прикаже како тој постапувал спротивно на верските одредби.

„Преку компјутерски систем ширел ксенофобичен и расистички материјал, врз основа на религија. На порталот објавил фотографии и текст со оштетените“, кажа судијката.
Извор: МахФак

The post Три години и еден месец затвор за Марјан Стаменковски и бришење на порталот „ДоказМ“, изрече Кривичен суд appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK