септември 25, 2024

Полициски службеници вчера го привеле Б.А., на возраст од 62 години, од битолското село Крклино, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

– При претрес во неговиот дом, извршен врз основа на наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени и одземени предмети што потекнуваат од кривично дело „тешка кражба”, кое го извршил во објект на приватна фирма во периодот од 1 до 3 април, се појаснува во соопштението.

Тој бил задржан во полициска станица, а предметите биле вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против Б.А. ќе следува соодветна кривична пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK