септември 25, 2024

Во периодот од 27 март до 4 април, Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија заедно со претставници на полициите на Србија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина, а во соработка со Програмата за гранична безбедност на ДЦАФ и Проектот за борба против сериозен криминал во Западен Балкан-ИПА 2019 спроведоа заедничка акција „Артефакт” на граничниот премин Табановце, патните делници кон Република Србија, како и по должината на целата граница со Република Србија. При тоа, при влез во државата на ГП Табановце, кај македонски државјанин пронајдени се 1120 парчиња монети со археолошка вредност, кај турски државјанин пронајдена е поголема сума на пари, конфискувани се три украдени возила, откриени два случаи на обид за криумчарење мигранти…

При изведувањето на активностите беше употребена специјализирана опрема за откривање и сузбивање на нелегалните активности, а искуствата од заедничката акција ќе бидат корисни за натамошната работа на полициските службеници од овие земји.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK