септември 25, 2024

Светската здравствена организација анализирала податоци од 2000 до 2019 за смртните случаи низ светот и нивните причини. Во податоците не се вклучени информации за Ковид-19 бидејќи анализата е за периодот пред пандемијата.

Срцевите болести се главен убиец

Ова се болестите од кои најчесто умираат луѓето

Водечка причина за смрт во светот во 2019 година била коронарната артериска болест. Оваа болест е причина за 16% од сите смртни случаи во светот и бројот на починати лица од болеста најмногу пораснал од 2000 година. Во 2019 година 8,9 милиони луѓе починале од коронарна артериска болест.

Најчестите причини за смрт во 2019 се исти кај мажите и жените, а тоа се коронарната артериска болест, мозочен удар, хронична опструктивна белодробна болест и долнореспираторни инфекции. Кај мажите, петтата најголема причина за смрт во 2019 била рак на белите дробови и слични болести, а кај жените била Алцхајмеровата болест и други видови деменција. Невролошките нарушувања убиваат повеќе жени отколку мажи, стои во извештајот.

Од 2000 до 2019 г., просечниот очекуван животен век во светот се зголемил за шест години – од 66,8 години на 73,4 години. Меѓутоа, има разлика помеѓу очекуваниот животен век и очекуваниот здрав животен век. Здравиот животен век се зголемил од 58,3 години на 63,7 години.

Во периодот од 2000 до 2019 година сидата и туберкулозата паднале подолу на листата со најголеми здравствени причини на смрт.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK