септември 25, 2024

Сопственикот на порталот Доказ, Марјан Стаменковски е осуден на затворска казна од три години и еден месец, а дополнително изречена му е и забрана за вршење на професија и регистрација на портал и домејн во рок од 10 години, ако сака да отвори портал во свое име во Македонија.

Марјан ДОКАЗ осуден на три години затвор и 10 години забрана за вршење на професија

Кривичниот суд го осуди за четири дела на по една година, за уцена, пиратерија на аудивизуелно дело, злоупотреба на лични податоци, ширење расистички и ксенофобичен материјал или на единствена казна од три години и еден месец.

Целиот процес се одвиваше зад затворени врати откако беше приведен на 9 февруари по претрес неговиот дом од каде беа одземени документација, мобилни телефони и други електронски уреди како и поголема сума пари

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK