септември 25, 2024

Дел од белорускaта авијација е оспособена да напаѓа со нуклеарно оружје, изјави во вторникот рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

ШОЈГУ: Дел од белоруската авијација оспособена да напаѓа со нуклеарно оружје

-„Некои од белоруските напаѓачки авиони стекнаа способност да напаѓаат непријателски цели со нуклеарно оружје“, рече Шојгу на тематска конференција со раководството на вооружените сили на Руската Федерација.

Русија и Белорусија претходно се договорија руско нуклеарно оружје да биде распоредено на белоруската територија, со што се зајакнува соработката меѓу двете земји.

Западот ова го оцени како закана од страна на двете држави кон западниот свет и Украина.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK