септември 25, 2024

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го промени својот став по однос на промената на Уставот и посочи дека е подготвен да ги вметни Бугарите во македонскиот Устав, но по хрватски терк.

Тоа го повтори и денеска при посетата на општина Бутел од каде порача дека тоа е нивниот предлог за внесување на Бугарите во македонскиот Устав иако 10-тици пати претходно истакнуваше дека неговите пратеници нема да гласаат за промена на Устав.

Тој прифати да оди и на лидерска средба каде ќе го презентира овој негов предлог за промена на Уставот и внесување на Бугарите во истиот.

-Јас сум подготвен да го објаснам овој наш предлог пред секого и секаде. И тука немам никаква дилема, така што ако бидам поканет на една таква лидерска средба без разлика кој ќе ја организира ќе појдам и ќе го образложам овој предлог. Дали таа средба ќе ја организира Пендаровски или Ковачевски тет-а-тет да седнеме, вели Мицкоски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK