септември 25, 2024

За некои тоа е една од најлошите работи што можат да ги замислат, особено ако вечерта вклучува романса, а за некои тоа е додаток без кој не можат да одат во кревет. А што е подобро и зошто, ви претставуваме во продолжение.

Отсега имате научна потврда дали треба да уживате во спиењето со чорапи, бидејќи топлите стапала во текот на ноќта влијаат на квалитетот на вашиот сон.

Со загревање на стапалата, крвните садови се шират, што е сигнал до мозокот дека е време за спиење. Поточно, кога ќе се прошират во стапалата и дланките, топлината се шири низ телото, кое потоа е подготвено за спиење.

Така, доколку во текот на ноќта вашите стапала се топли, помалку ќе имате проблеми со спиењето и сигурно полесно ќе заспиете. Една студија објавена од International Weekly Journal of Science дури вели дека со чорапи на нозете заспивате и до 15 минути порано.

Освен за подолг и подобар сон, ова парче облека во кревет помага и при топли бранови, позитивно делува на сувата кожа на стапалата и поттикнува оргазам. Затоа, вреди барем да се размислува за тоа.

Традиционалната кинеска медицина, која се фокусира на подобра циркулација, долго време се согласува со овие резултати. Студените стапала „цицаат“ енергија од телото, што го нарушува протокот на виталната енергија Чи.

Студот генерално ја блокира циркулацијата, додека топлината ја поттикнува. Исто така, поради стагнација на студ лесно може да настанат разни болки.

Пример е Рејно-овата болест, состојба која предизвикува некои делови од телото, како што се прстите на рацете и нозете, да станат ладни или вкочанети на допир, како одговор на ниските температури или стресот. Помалите артерии кои ја снабдуваат кожата со крв стануваат тесни, а со тоа ја ограничуваат циркулацијата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK