септември 25, 2024

Управата за јавни приходи ги потврди информации дека кон граѓаните се испраќаат СМС пораки со кои се бара да извршат задолжителна пријава на лажна веб страница – https: ujp-gov.mk/potvrda. Од оваа институција апелираат никако да не се отвора оваа лажна веб-страница, бидејќи се бара отркивање на многу важни лични податоци.

Некој праќа лажни СМС пораки во име на УЈП и собира лични податоци | ДЕТАЛИ

-Никако не ја отворајте оваа лажна веб-страница, бидејќи од вас се бара да пополните полиња со вашите лични податоци, податоци од платежна картичка и да прикачите слика од вашата лична карта – стои во соопштението од УЈП до граѓаните.

Од институцијата советуваат и дека споделувањето на личните податоци преку оваа лажна веб страница може да предизвика нивна злоупотреба.

-Веб страница е лажна, не e во сопственост на Управата за јавни приходи. Испраќачот на пораките се обидува да ги злоупотреби името и логото на УЈП и да ги доведе во заблуда граѓаните, да споделуваат лични податоци и на тој начин да се изложат на ризик и можна злоупотреба. Управата за јавни приходи ги презема сите неопходни активности за справување со оваа состојба – потенцираа од УЈП.

Последниве години граѓаните се затрупани со лажни веб-страници на кои преку нудење на разни наградни игри или известувања дека сте добитник на скап телефон, од нив се бара да остават лични податоци, броеви од картички, од кои потоа им се извелкуваат големи суми на пари.

-Заканите на интернет се како грабливци во џунглата – никогаш не знаете каде се кријат и од каде ќе нападнат. Токму затоа треба да бидете свесни дека чудните шарени и светкави известувања коишто ви нудат некаква лукративна награда во замена за вашите лични податоци се, всушност,интернет измами. Иако повеќeто од нас се свесни за ваквите измами, сепак можеме да подлегнеме на искушението коешто стои зад изјавите како „Вие сте добитник на 1 милион денари“ и да ги споделиме своите податоци, состојбата на сметката или дури и одредена сума пари којашто овозможува да се „продолжи кон подигнување на добивката“ – советуваше неодамна „Смарт портал“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK