септември 25, 2024

Обвинителството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против измамничка која лажно нудела работни визи за Германија.

Осомничената, како што информираа од Обвинителството, во периодот од март 2022 до март годинава, прикажувајќи се како вработено лице во Германската амбасада во Скопје и во Министерството за внатрешни работи на Македонија, довела во заблуда осум оштетени лица од Гостивар. Целта и била, искористувајќи исти или слични прилики, да прибави за себе противправна имотна корист.

На жртвите им нудела да им обезбеди работни визи за Германија или сертификати за познавање на германски јазик, а во замена наплатувала парични средства. На тој начин, од сите оштетени, успеала да се стекне со вкупна противправна имотна корист од околу 18.500 евра. Откако ќе им ги земела парите, потоа повеќе не им се јавувала на телефонските повици, велат од Обвинителството.

Со цел обезбедување во секој од случаите поединечно, надлежниот јавен обвинител најпрвин предложи на два пати по 48 часа притвор за осомничената, а по истекот поднесе и предлог за определување мерка притвор. Со Решение на Основниот суд во Гостивар на осомничената и е определен притвор во траење од 30 дена.​​

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK