септември 25, 2024

Боб Ли, 43-годишниот извршен директор кој ја создаде услугата за мобилно плаќање „Cash App“, и еден од креаторите на Андроид, е избоден до смрт во Сан Франциско.

Технолошкиот магнат беше нападнат во центарот на Ринкон Хил во 2:35 часот, потврди полицијата на Сан Франциско.

Си-Би-Ес Њуз потврди дека Ли бил пронајден со повеќе убодни рани и веднаш бил пренесен во блиската болница, каде што им подлегнал на повредите.

-Боб беше сила на природата. Тој помогна да се роди Android и CashApp во нашиот свет. Моби беше неговиот сон: паричник за приватност за 21 век. Ќе ми недостига секој ден, изјави Голбард за локалните медиуми.

Извршниот директор на Твитер и Тесла, Илон Маск, исто така го коментираше ужасниот инцидент, прашувајќи ја канцеларијата на окружниот обвинител во Сан Франциско што прават во врска со „казнувањето на насилните криминалци“.

The post Избоден до смрт е еден од креаторите на Андроид appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK