септември 25, 2024

Претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија и коалиционен партнер на Мицковски, Иван Стоилковиќ во своето гостување во радио Лидер истакна дека внесувањето на Бугарите во Уставот за него е минорна работа, важно е тоа што би можело да се следува по нивниот влез како конститутивен народ.

СТОИЉКОВИЌ: Внесувањето на Бугарите во Уставот е минорна работа

Стоилковиќ го поздрави влегувањето на Бугарите во Уставот по хрватски терк.

-Внесувањето на Бугарите во Уставот е најминорна работа која што може да се случи, битно е она што следи после тоа. Она кое може да се протолкува како сериозно добра иницијатива е иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за промена на дефиницијата на уставното уредување на државата.

И тоа е добра иницијатива од аспект што ќе натера голем број политички субјекти кои се затскриваат во сопственото политичко однесување да излезат на виделина. Србите не би имале проблем со хрватска преамбула во Македонија, вели тој.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK