септември 25, 2024

Димитар Ковачевски денеска ги коментираше изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој вели дека за него е прифатлив хрватскиот модел на уставни промени, истакна дека во работната група секој ќе може да достави предлози и идеи за тоа како треба да изгледаат уставните амандмани.

Тој додаде дека тие не треба да ги изнесуваат и кога пуштаат канализација во општини, по што ја одби поканата на Мицкоски за лидерска средба, бидејќи, како што рече, таква средба имало во декември.

„На таа средба лидерска сите лидери на политички партии се согласија за потреба од носење на уставните измени освен еден кој што молчеше и двајца кои што не дојдоа.

Затоа сметам дека нема потреба од лидерска средба. Уставни измени – дебата не се води на телевизија, не се води кога се пуштаат градежни работи на канализациони цевки во одредени општини, уставни измени – дебата се води во експертска работна група каде секоја политичка партија делегира свои претставници“, вели Ковачевски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK