септември 25, 2024

Реал Мадрид ќе игра со Осасуна во финалето на Кралскиот куп, откако во неверојатен меч на „Ноу Камп“, Карим Бензема постигна хет-трик, а „кралевите“ дојдоа до 4:0 победа, елиминирајќи ја предноста од 0:1 на Барселона од првиот меч во Мадрид.

Ова е втор хет-трик во два меча за Бензема, по неговото шоу против Валјадолид во лигашкиот меч во текот на викендот.

По поразите во Суперкупот на Шпанија и големата предност која Барселона ја направи на врвот на табелата во Ла лига, се сметаше дека Лигата на шампиони е единствена шанса за титула на „белите“, но како и секогаш, тимот на Карло Анчелоти не смее да се потцени.

Мечот што во 10. минута беше прекинат со извици „Меси, Меси“ од навивачите на Барса, се сврте наопаку во финишот на првото полувреме, кога по брза контра, Винисиус Жуниор ја смести топката во мрежата за 0:1. Првично голот беше запишан на Карим Бензема, но францускиот напаѓач не се лутеше и додаде хет-трик во второто полувреме.

Во 50. минута, тој ја искористи „заспаноста“ на одбраната на домаќините, за лесно да го совлада Марк-Андре Тер Штеген, за во 58. минута по фаулот на Френк Кеси над Вини беше досуден пенал, а Бензема не згреши. Хет-трикот беше комплетиран во 82. минута, кога Вини му асистираше на Бензема.

The post Бензема со хет-трик ја „уништи“ Барселона сред „Ноу Камп“! appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK