септември 25, 2024

Откако Советот на Општина Охрид ја одби иницијативата на Левица да се постават налепници со кои ќе бидат обележани службените возила, советничка Виолета Аврамоска ќе достави испечатени налепници на следната седница на Советот, информираат од ЛО Левица Охрид.

Со налепниците, додаваат, ќе биде доставена нова иницијатива за обележување на службените возила, при што апелираат советниците и градоначалник Пецаков конечно да го прифатат овој предлог.

Обележувањето на службените возила е неопходно, со цел да не се злоупотребуваат службените возила од страна на вработените во општината по завршувањето на работното време. Со обележување граѓаните ќе имаат увид дали се врши злоупотреба на возилата за приватни цели од страна на функционерите и вработените во Општина Охрид, потенцираат.

The post Доста е од злоупотреба: Левица ќе достави налепници за обележување на службените возила до Советот на Општина Охрид appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK