септември 24, 2024

Оваа сезона цените на хотелските услуги ќе бидат повисоки околу 30%. Тоа се должи на поскапувањето на сите производи, енергенсите, а најмногу на повисоките плати на персоналот. И покрај порастот на цените, според ХОТАМ земјава останува најевтина дестинација во регионот.

Оваа сезона цените на аранжманите во хотелите на брегот на Охридското Езеро ќе бидат повисоки за над 30%.

Тоа се должи на поскапувањето на сите производи, енергенсите, а најмногу на повисоките плати за персоналот. Замрзнувањето на цените на дел од прехрамбените производи нема да ги намали цените на услугите во хотелскиот сектор, велат од ХОТАМ.

И покрај поскапувањето на хотелските услуги, земјава останува најевтина дестинација во регионот.

Уште стоиме како една поевтина дестинација. Покрај сите поскапувања кои ги имаме на Балканот сме уште една од поевтините дестинации. Нема повеќе 20 и нешто евра за ноќевање, туку е 30 и нешто евра, а некаде и повеќе – вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.
Но кога сме кај паркингот во Охрид, хаосот кој со децении трае повторно ќе биде актуелен за жал и оваа година. И покрај малиот број на паркинг места низ Охрид цената навистина е вртоглава, за 24 часа во центарот на Охрид ќе ви требаат 2.400 денари-но се разбира може да поминете и со помалку пари ако паркирате во непосредна близина, па за таму ќе ви требаат за 24 часа 960 денари. Со ваквата одлука на советот на Општина Охрид граѓаните стануваат туристи во сопствениот град.

Додека во останатите градови Недела е неработен ден па туристите и останатите граѓани не плаќаат пари за паркинг услугите, тоа правило за Охрид не важи !!!!!

The post Охрид спремен за туристичката сезона: Час паркинг 100 денари, хотелските услуги повисоки за над 30% appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK