септември 24, 2024

Украинските гранични полицајци поставија голем екран со проектор на границата со Белорусија за да им ги покажат на своите колеги вистинските последици од војната.

Во презентираниот материјал, меѓу другото, се прикажани резултатите од ракетните напади на територијата на Украина кои биле извршени од територијата на Белорусија, потоа има видео-снимки од масакрот во Буча, како и обраќањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски до граѓаните на Белорусија.

Украинците се надеваат дека тоа ќе ги освести жителите на земјата што соработува со Русија и ќе им покаже што навистина се случува, наспроти тоа што им го покажува руската пропаганда преку медиумите и социјалните мрежи.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK