септември 24, 2024

Од први септември ќе има бесплатни учебници и истите навреме ќе бидат доставени до учениците, рече денеска министерот за образование, Јетон Шаќири.

ПРОДОЛЖУВА ДРАМАТА ОКОЛУ ОБРАЗОВНИОТ СИСТЕМ И УЧЕБНИЦИТЕ. НОВИ ПРОБЛЕМИ, СКАНДАЛИ ИМА ТУКУРЕЧИ НА СЕКОЈДНЕВНО НИВО

На прашањето дали учениците навреме ќе добијат учебници Шаќири рече: Од први септември ќе имаме бесплатни учебници се работи на законското решение со кое сите технички проблеми и сите законски ограничувања ќе бидат решени“.

На новинарско прашање дали тоа значи дека учебниците ќе бидат бесплатни, министерот за образование одговори, дека од први септември има одобрено учебници.

– Од први септември имаме одоберно учебници, немаме забелешки во тоа дека немаме учебници за печатење , ќе почнеме постапка и за дигитална форма на учебници. Од први септември оваа година сите учебници ќе бидат доставени до сите ученици и тоа ќе треба да се случува и со новата концепција – истакна Шаќири.

Министерството за образование и наука подолг период не одговара на прашањата на Инфомакс во врска со промените н аучебниците кои беа најавени, конкретно учебниците по историја за неколку одделенија од основното образование кои ќе подлежат да промена на одредени содржини, или на целосна замена на чебниците.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK