септември 24, 2024

“Биди амбасадор за здравјe, континуирано развивај се, поставувај стандарди, биди ИН во фармацијата, активно промовирај ја својата улога во општеството, биди “Твој Фармацевт”, и давај врвни услуги на пациентите” – ова се пораките кои ги испраќа Тимот за Човечки ресурси од компанијата Зегин, преку новиот проект ЗегИН младина, кој има за цел да регрутира нови и квалитетни кадри во фармацевтската индустрија.

“Практикуваме континуирано вложување во своите вработени и воведуваме високи стандарди, заедно растеме и отвoраме нови хоризонти во фармацијата.

Понудивме програми за сите млади и идни фармацевти преку кои можат континуирано да се обучуваат, учат и надградувааат, бидејќи нашето мото е “Среќна Младина е нашата иднина “

Клубот за млади – ЗегИН младина опфаќа:

Програма за кариерен развој “Мoja Кариера- Моја иднина” за млади таленти , менторска програма за нововработени и практиканти за стекнување на практично знаење од областа на фармацијата, платена пракса , стручно доусовршување со стипендирање преку фондацијата Др. Верица Механџиска и целосно стипендирање на студентите.

Психо- Едукативен Центар за млади поддржан од психолог каде преку советување и едукација се дава поддршка за психо-физичкото здравје на вработените и младата популација

За програмите можете да се информирате на Зегин Кариера https://www.facebook.com/profile.php?id=100063838012237

The post ЗЕГИН нуди нови програми за поддршка на младите фармацевти и успешен кариерен развој appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK