септември 24, 2024

Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски денеска беше во посета на Јавната здравствена установа – Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле каде што предаде донација составена од опрема за институтот.

-Денес се одбележува Светскиот ден на здравјето. Во таа чест утрово бев во посета на Јавната здравствена установа – Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле каде што општина Гази Баба донира опрема составена од PH метри за потребите на институтот.
Среќен сум што токму денес кога го одбележуваме Светскиот ден на здравјето имавме можност да ја предадеме нашата донација и со тоа имавме можност да дадеме наш придонес во подобрувањето на условите за добивање на поквалитетна здравствена заштита за нашите дечиња.
Денешната донација е резултат на реализираната манифестација Пивтијата која имаше хуманитарен карактер. Општина Гази Баба и во следниот период ќе продолжи со реализација на хуманитарни активности. За нашата хуманост, само небото може да ни биде граница! – напиша Стефковски на Фејсбук.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK