септември 24, 2024

Американскиот рапер Кулио, со вистинско име Артис Леон Ајви Џуниор, почина лани на 59-годишна возраст. Сега е официјално позната и причината за неговата смрт. Познатиот музичар починал од предозирање со „Фентанил“, потврди претставник на неговото семејство.

Кулио речиси цел живот се борел со астма, а и пушел со години, што придонело за неговата смрт, како и конзумирањето апчиња. Во неговата крв се пронајдени и траги од хероин и метамфетамин. Тој, инаку, беше пронајден мртов во домот на негов пријател на 28 септември 2022 година.

Кулио стекна светска слава по синглот „Gangsta’s Paradise“ од 1995 година. За рап-хитот, беше награден со „Греми“ за најдобра соло-рап изведба и бројни други награди. Таа песна лани достигна една милијарда прегледи на „Јутјуб“. Во 1995. беше прогласена за најпродаван сингл на „Билборд хот 100“ листата.

The post Кулио починал од предозирање со „Фентанил“, објави семејството appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK