септември 24, 2024

На 9 мај сум на рочиште во судот во Прилеп затоа што кога ги фативме за време на локалните избори како кршат изборен молк натерале некоја несреќа лажно да пријави дека јас и мојот колега сме ја бутнале по скали во зградата каде што се наоѓа штабот на СДСМ.

Милошевски повторно на суд поради лажна пријава за физички напад: Порача дека нема да го замолчат и нема да прави компромис со вистината

Ова е само последниот обид да бидам замолчен.
Ова не го пишувам за да се жалам туку за да го мотивирам својот народ да се бори затоа што слободата како и се во животот има своја цена.

Тоа што сум слободен и јавно го кажувам секогаш тоа што го мислам во едно тоталитарно општесво си има своја цена. Цената која ја плаќам е во едни бели картончиња со кои одам да подигнам пратка во македонска пошта.
Вработените таму на шега ми велат криминалците во државава не ги гледаме толку често колку што те гледаме тебе како новинар.

За крај сакам да ви порачам дека никогаш нема да ме замолчите затоа што оној кој што прави компромис со вистината целиот живот ја плаќа цената.

Во прилог и видеото на кое одлично се гледа дека ниту јас ниту мојот колега никого не сме бутнале по скали. А на лекарите кои му дале лажна медицинска белешка ќе им порачам дека се гледаме на суд.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK