септември 24, 2024

Дваесетина членови на балетското студио Анабела изминатиов викенд се натпреваруваа на престижниот танцов натпревар „Inter dance fest“ во Сараево.

На натпреварот балетското студио Анабела се престави со 21 кореографија, од кои 16 соло, 3 групни и 2 формации во силна конкуренција.

Во Сараево членовите на Анабела се закитија со девет  први места, две втори, едно трето место. Танцовите амбасадори достојно ги претставија Велес и Македонија во Босна и Херцеговина.

Претстојниот период, следуваат уште неколку натпревари за членовите на балетското студио Анабела, за кои интензивно се подготвуваат.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK