ноември 23, 2024

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова за АА ја прокоментира изјавата на Борел во која тој вели дека „Турција треба да се придржува кон санкциите на ЕУ кон Русија“

Русија го критикуваше високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешни односи и безбедносна политика, Жозеп Борел, поради неговата изјава за учеството на Туркије во санкциите што ЕУ ги воведе кон Русија.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова за АА ја прокоментира изјавата на Борел во која тој вели дека „Турција треба да се придржува кон санкциите на ЕУ кон Русија“.

Наведувајќи дека на изјавите на Борел им недостасува „рационално размислување“, Захарова рече дека Туркије е цел поради односите со администрацијата од Москва.

Таа додаде дека ЕУ извршила притисок на Туркије да се придржува до санкциите воведени кон Русија.

Критикувајќи го Борел поради ширењето на „глупости и лаги“, Захарова порача дека тој „ги чита белешките што му се дадени и не размислува рационално“.

И претседателот на Туркије Реџеп Таип Ердоган ги коментираше последните изјави на Борел поради конекциите на Туркије со Русија, во кои ја повикува Туркије да се придржува до санкциите на ЕУ кон Москва.

„Не го земам Борел како свој соговорник. Тој може да биде соговорник само на господин (турскиот шеф на дипломатијата) Мевлут (Чавушоглу)“, рече Ердоган, опишувајќи ги забелешките на Борел како „неубави“.

AA

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK